Русија го зголеми извозот на нафта во Индија за 40 отсто на годишна основа

Испораките на руска нафта во Индија надминаа 396.000 тони во март, соопшти Министерството за трговија, што е раст за повеќе од 15 проценти во однос на претходниот месец и зголемување од 40 отсто на годишна основа.

Севкупно, Индија увезла 56,7 милиони тони руска нафта од почетокот на оваа година, што е за 12 проценти повеќе од истиот период претходната година.

Испораките на руската сурова нафта од Урал во Индија се зголемени по започнувањето на воената интервенција во Украина. Западните санкции кон Москва ја отворија можноста за индиските рафинерии да го зголемат купувањето на руска нафта по намалени цени, бидејќи некои европски клиенти ја избегнуваат.

Во неодамнешни објави на медиумите се тврди дека третиот најголем увозник на нафта во светот барал руска сурова нафта по цена од помалку од 70 долари за барел за да ги компензира дополнителните пречки поради санкциите.

Според Би-Би-Си, од април 2021 до јануари 2022 година Индија увезла 2,13 милијарди барели нафта од Русија, која во тој период беше деветти снабдувач на земјата, далеку зад Ирак со 22,14 милијарди.

Набавката на нафта на Индија од Русија се очекува месецов да се зголеми дополнително и да достигне 487.500 тони.