Заменикот постојан претставник на Русија во ОБСЕ, Максим Бујакевич, го впери прстот и во претседавачот од Македонија, Бујар Османи, за заедничкото соопштение од 26 мај, со кое се обвинува Москва за ракетни напади врз цивилни цели во Украина.

„Претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи, генералниот секретар Шмид, претседавачот на Парламентарното собрание Седерфелт и генералниот секретар на Собранието, Монтела, флагрантно ги прекршија правилата на Организацијата за подготвување изјави за јавноста.


Ова е директно отстапување на авторите на изјавата од опсегот на нивните овластувања. Како претставници на ОБСЕ, тие не можат да апелираат до земјите-учеснички ‘да престанат да го кршат меѓународното право’. Никој не им доверил такви функции.

Коавторите на оваа изјава ја дискредитираа нивната ‘објективност и непристрасност’ со целосно игнорирање на масовните и груби прекршувања на обврските на ОБСЕ од страна на режимот во Киев и на неговите вистински воени злосторства против цивилите“, вели Бујакевич во реакцијата на Твитер, пренесена и од Амбасадата на Русија во Македонија.