, изјави Сергеј Севрјуков, првиот заменик-началник на Главната воено-политичка управа на руските вооружени сили изјави дека бројот на загинатите руски војници во ракетниот напад на Макиивка се зголеми на 89 и дека за тоа се виновни – новните мобилни телефони.

Украинскиот напад со ХИМАРС системите врз зградата на стручното училиште во градчето Макиика во Донецката област, бил извршен веднаш по Нова Година, во 00:01 часот по московско време. Тогаш војниците почнале да ги повикуваат роднините за да им ја честитаат Новата година.

Според Севрјуков, главната причина за смртта била тоа што и покрај строгата забрана, воениот персонал „масовно користел“ мобилни телефони.

„Тоа му овозможи на непријателот да ги лоцира и да ги одреди координатите за локацијата на воениот персонал за лансирање ракетен напад“, објасни тој.