Светската антидопинг агенција (WADA) ѝ забрани на Русија да учествува во најголемите спортски настани во период од четири години.

Одлуката на 12 члена на Извршниот комитет на состанокот во Лозана ја потврди шефот на руската антидопинг агенција (РУСАДА), Јуриј Ганус.

Руските спортисти, по ова, нема да учествуваат на две олимпијади – Летнитње Олимписки игри во Токио следната година и на зимската Олимпијада во Пекинг во 2022 година, како и на други големи натпреварувања како што е Светскиот куп во Катар.

Сепак, руските спортисти најверојатно ќе избегнат тотална забрана, бидејќи се наведува дека спортистите кои не се вклучени во какви било активности за допинг, ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме.

И покрај забраната, Русите ќе можат да се натпреваруваат на Европското првенства во футбал 2020 година, за кое веќе обезбедија учество, Санкт Петербург е еден од градовите домаќини.