„Русија ќе се бори против 1.200 западни санкции, но не само што треба да ги замени увезените производи, туку и да направи свои, во суштина нови“, изјави првиот заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Кириенко, пренесува Спутник.

„Никогаш во историјата не биле наметнати толку санкции за ниту една земја во светот. Ќе се избориме со тие 1.200 санкции.
Ако додадат повеќе, ќе се справиме и со нив“, изјави Киријенко.

„Но, ова се предизвици, не само да создадеме имунитет на санкции, не само да го замениме увозот, туку и да создадеме нешто фундаментално ново. Треба да создадеме сопствени производи“, нагласи Кириенко.

Затоа, според неговите зборови, сегашното време е „време на вистински патриотизам, време на тимска работа“.

Според Кириенко, НАТО се бори против Русија, користејќи ја Украина како полигон за обука.