Бројот на загинати во пожар во илегален дом за стари лица во рускиот град Кемерово во западносибирскиот регион се искачи на 20.
„На местото на пожарот спасувачите продолжуваат да работат и да ги пребаруваат урнатините во тешки услови, со ниска температура на воздухот. Според последните податоци загинале 20 лица“, извести итната помош, пренесува Би-Би-Си
По пожарот обвинителството покрена случај за убиство од небрежност, а гувернерот на Кузбас Сергеј Цивилев изјави дека по овој пожар ќе бидат проверени сите институции од овој тип, особено приватните.
Ќе ги провериме сите институции од ваков тип, пред се приватните. Проверките ќе завршат во рок од една недела“, напиша тој на својот Телеграм канал.
Пожарот избувнал во двокатна дрвена зграда од приватен дом за стари лица во Кемерово, а надлежните судски служби потврдиле дека се работи за дивоградба.

