Румен Петков лидер на бугарската АБВ партија во врска со евроатлантските изгледи на Македонија и за односите со Бугарија вели дека името „Северна Македонија’ било понижување за „Пиринскиот регион“.

„Единствено АБВ уште минатата година во почетокот на август алармираше по прославата на Илинденското востание, дека македонскиот премиер и претседателот на парламентот на Македонија многу грубо и цинично ја погазил нашата заедничка историја – спомнаа 6 нации, кои учествувале во востанието , но не ги спомнаа Бугарите. Тогаш алармирав дека вакво подбивање со историската вистина е целосно во спротивност на бугарската држава, на националното достоинство и на илјадниците масакрирани Бугари за слободата на оваа наша соседна и многу блиска територија, блиска во секоја смисла на зборот“, пренесува бугарската агенција „Фокус“.

Тој потсети дека неговата партија реагирала и на предлогот Илинденска Македонија а сега се противат на договореното со Грција, Република Северна Македонија.

„Северна Македонија, исто така е посегнување по нашата историја и барање за територијални претензии. Пиринска Македонија каде е, Благоевградска област каде е, не е ли тоа Северна Македонија. И ние реагиравме остро и одржавме средба со премиерот. По оваа средба ќе спроведеме и средба со Комисијата за надворешна политика во Собранието, бидејќи за жал сите парламентарни партии го поддржаа во една или друга степен името Северна Македонија без да сфататт дека ова е понижување за целиот Пирински крај“ вели Румен Петков .