Со години спортската сала на УКИМ во кампусот на правниот, економскиот и филолошкиот факултет стои демолирана и руинирана.



Изградена уште во 2017 година со сите потребни реквизити и услови за спортување на студентите, салата не само што никогаш не беше ставена во функција, туку денеска објектот е претворен во руина и мала депонија за кого никој не се грижи, пишува Радио Слободна Евбропа.

Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба.

За изградбата на салата, државата потроши околу 2,5 милиони евра.

Парите ги обезбеди Владата предводена од тогашниот премиер Никола Груевски, а Агенцијата за млади и спорт (АМС) склучи договор со Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Алконпроект“ од Скопје која што го градеше објектот.

Изградбата заврши во 2017 година, кога и требаше да биде пуштена во употреба. Но, поради судскиот спор кој настана помеѓу фирмата и Агенцијата, салата не доби технички прием и никогаш не профункционира.

ЛИНК до целиот напис на Радио Слободна Европа