„Ругање со Христос“ од утре слободно се прикажува, ама нема пари од Култура

Филмот „Ругање со Христос” од понеделник слободно ќе се прикажува, откако Државниот правобранител на Република Македонија ќе го повлече предлогот до Основниот суд Скопје 2 за изрекување на мерката времена забрана за прикажување.

Како што пренесува МИА, решението е донесено по направени дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.

„Од страна на Државниот правобранител, после информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместокот за филмот од Буџетот на Република Македонија“, се вели во соопштението на Државното правобранителство.