Актерот Рубенс Муратовски со неколку твита го прокоментира скандалот со неинтонирањето на македонската химна при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас бидејќи „доцнел“.
„Тие : ‘Како ќе го решиме текстот со македонски народе во химната’? Ние : ‘Многу лесно. Ќе ја нема химната’.“
„Ама во себе си ја пееше химната, нели? Нека пукне Ципрас!“
„Гледам многумина по повод последниве случувања молчат. На mute се. Исто како и химната. Ама што е важна таа? Важно има правда, пари, просперитет и напредок“