Радио Слободна Европа (РСЕ) дознава дека 13, од 28 членки на ЕУ бараат проширување на ЕУ со земји од Западниот Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.
Во нон-пејпр, до кој дојде РСЕ , се нагласува дека ЕУ треба да ја исполни својата недвосмислена посветеност на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и дека „не постои” план „Б” за земјите од Западен Балкан.
Пред сé, преку овој документ, се бара да се потврди отворањето на пристапните преговори со Албанија и Македонија уште во јуни оваа година.
Иницијативата за овој „нон-пејпр” ја покренала Полска, а е поддржена од земји-членки, кои се главно се од Централна и Источна Европа, т.е. земјите кои припаѓаат на групата на „понови членки.”
Исто така, РСЕ дознава дека се прават обиди да се добие што е можно поголема поддршка за овој документ пред министерскиот состанок што ќе се одржи на 18 јуни. Иницијаторот има за цел документот да се усвои во форма на заедничка декларација на министрите на Европската Унија.
Европската комисија минатата недела препорача отворање на пристапните преговори помеѓу Брисел и Скопје и Тирана. Првата расправа за оваѝ ќе се одржи на 18 јуни, но до овој момент нема едногласност меѓу членките на ЕУ, постесува Радио слободна Европа.