Бројот на ученици во Македонија во изминатите две децении е намален за 25 проценти, објави Радио слободна Европа.

Речиси 150 ученици од Штип и Кочани не се вратија во училиште, се иселиле од Македонија

Само во првото полугодие, од септември до декември, од средните и основните училишта во Штип се испишале 81 ученици. Од нив, 12 се средношколци, а дури 69 се ученици од основните училишта, вели Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип.

Слична е ситуацијата и во Кочани, каде што само во првото полугодие се испишале 63 ученици од околу 2.600 основци и околу 1.200 средношколци. колку што има во општината.

Тоа значи дека од овие два града се иселиле околу 1,5 проценти од учениците само во едно полугодие. Во основните училишта во Штип има околу 4.000 ученици, а во средните околу 2000. Пред две децении во основните училишта во Штип имало над 5.200 ученици.