РСЕ: Можат ли нови избори да го “одглават” Собранието?

Американскиот медиум Радио Слободна Европа на македонски јазик го поставува прашањето дали предвремени избори можат да ја решат блокадата на Парламентот.

“Владејачкото мнозинство постојано е на раб на кворум за работа на Собранието. Опозицијата бара избори за да се добие почиста ситуација. Власта, пак, вели дека избори имаше пред нецела година и нема потреба од нови.

Опозицијата бара избори за решавање на проблемот со нефункционалниот парламент на раб на кворум, власта смета дека нема потреба зашто има стабилно мнозинство. Аналитичари се сомневаат дека избори би го решиле проблемот, зашто резултатите повторно може да бидат тесни”, пипува РСЕ на македонски јазик во својата анализа.