РСЕ: Филипче очекува колективен имунитет до крајот на летото

Министерот за здравство Венко Филипче проценува дека до крајот на летото може да се постигне колективен имунитет имајќи ги предвид сите количини вакцини кои треба да пристигнат во нашата земја.



„Сега со пристигнувањето на оваа значајно голема количина на вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот Синофарм и количината од 500 илјади вакцини од производителот Синовак до крајот на месец мај (…) сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават„ вели министерот во неделното интервју на РСЕ.

Сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина, вели министерот…