Владата го промовираше првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА. Кога ќе сфати дека само таа работи во администрацијата, и вештачката интелигенција ќе извади бугарски пасош и ќе замине во Германија, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик.
Само во првите 48 часа откако беше пуштен во употреба, првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА услужил 1321 граѓани, се пофали вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој соопшти дека за да се заврши оваа работа би требале 6 вработени кои ќе работат по 8 часа дневно.
Колку граѓаните му веруваат на Битиќи е посебно прашање.
Ако се суди според реакциите довербата во вицепремиерот и владата и на оваа тема е смешна или во најмала рака смешно мала.
Повеќе на РСЕ