Росоклија за Тимоние: Која Франција ја претставува овој карактер?

Македонскиот професор од Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија, без влакно на јазикот реагира на реакциите од францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние, на постот на Фејсбук на филмскиот режисер Јани Бојаџи.

„Која Франција ја претставува овој? Сигурно не Франција која е горда на декларираните принципи: слобода, еднаквост, братство (за сите луѓе). Ниту Франција во која јас учев и специјализирав. Но, постои и Франција на ОАС (Organisation armée secrète) во која овој карактер, со неговиот ментален склоп и размислување, кое ги негира основните принципи на француската република, совршено се вклопува“, напиша Росоклија.

Тимоние со низа постови реплицира под објавата на Бојаџи, во кои прво ја нарекува „срање“ илустрацијата, за потоа да зборува за „глупава митологија“ („Скопје 2014“), поради која младите биле принудени да се селат во странство и „да купуваат бугарски пасоши“.

Постот на Бојаџи што го испровоцира амбасадорот на Франција во Скопје: