Македонскиот научник од светски ранг Горазд Росоклија на својот профил на „Фејсбук“ се осврнува на тоа „што покажавме и што осознавме“ со референдумот одржан на 30 септември.

„Нема мали и големи народи!

Има народи кои си ја одредуваат својата судбина и народи кои ѝ се препуштаат на судбината.

Ние Македонците одлучивме сами да ја одредуваме својата!“, порача професорот од Универзитет „Колумбија“ во Њујорк и член на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.