Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо е заразен со коронавирус, потврди Фудбалската федерација на Португалија.

Фудбалерот на Јувентудс последниве седум дена е со репрезентацијата заради настапите во Лигата на нациите, а поради позитивниот тест ќе го пропушти утрешниот натпревар со Шведска.


Роналдо го напушти кампот на националниот тим веднаш откако стигнаа резултатите и се упати во изолација. Тој нема сипмтоми и се чувствува добро, се вели во соопштението на Федерацијата.

Португалија претходниве денови одигра без голови во пријателската средба со Шпанија, а потоа и против Франција во Лигата на нациите.

Покрај мечот со Шведска, Роналдо најверојатно ќе го пропушти и дуелот со Кротоне од Серија А, а под знак прашање е и стартот во Лигата на шампионите, каде што Јуве ќе му гостува на Динамо Киев.