Ромите од Ресен на протест што им исклучиле струја, а им ветиле поинаку пред избори (ВИДЕО)

Запалени огнови среде улица го означија протестот на Ромите од Ресен за исклучувањето на струјата во нивните домови, иако пред изборите од власта им било ветено токму спротивното.

Во знак на револт што биле изманипулирани да излезат на гласање, тие својот протест го изразија со палење дрва, гуми и други предмети на улица.