Роми и Турци се пријавуваат лажно како Албанци со злоупотреба на „врамнотежувачот“, заради вработувања во државни институции

„Државниот завод за статистика вработува Роми и Турци лажно пријавени како Албанци, за да ги пополнат работните места резервирани за Албанци.“ – објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Продолжува злоупотребата на ‘врамнотежувачот’ (‘балансерот’) заради вработувања и унапредувања во државните институции“.

ТВ Алсат пишува: „Одлуките што ги обезбеди Алсат докажуваат дека според конкурсот овие места биле резервирани за Албанци, но избран е Еран Зекир од турската заедница. Дали ја злоупотребил албанската етничка припадност преку лажно пријавување, или не? Заменик-директорот на Заводот за статистика Илми Селами не даде одговор на ова прашање.“

„Емрах Хусеиновски е друг вработен на место, резервирано за Албанец, како соработник во Одделот за квалитет, развој и координација на статистичкиот систем. Според проверките на Алсат, излегува дека Хусеиновски и припаѓа на ромската заедница, но ниту во овој случај не Селами не се огласи со потврда или демант.“

„Пријавата што стигна до Алсат укажува на одлука на Заводот за статистика, спротивна на начелниот договор меѓу политичките партии раководител на подрачната единица Скопје да биде Албанец. Одлуката што ја обезбедивме го докажува спротивното. Јасмина Ѓорѓиева на оваа функција била избрана на 20 декември 2022 година. Ниту за ваквата одлука Селами немаше одговор на прашањата на Алсат, иако претходно најави дека раководител на подрачната единица Скопје ќе биде Албанец.“

„Ова не е првпат механизмот за етничка рамнотежа при државните вработувања да се злоупотребува во институциите. Чекорите преземени од државните органи не дадоа конкретни резултати и покрај тоа што на изводите од матичната книга на родените пишува етничката припадност, бидејќи законските одредби овозможуваат секој поединец при вработувањето да се изјасни како се чувствува.“