Воените трошоци на Романија се зголемија за 50 насто и достигнаа 4 милијарди долари во 2017 година, што е најголем пораст во светот.
Романија го исполнува својот план за модернизација 2017-2026 година, оценува Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI), откако владата одлучи да ги зголеми воените трошоци до 2 отсто од бруто домашниот производ.
Зголемувањето се должи на „ заканата од Русија, почувствувана од многу земји во Централна Европа“, оценува SIPRI.
Романската влада потпиша неколку важни воени договорот во текот на изминатата година, за ракетните системи Patriot и HIMARS и за воените возила Piranha 5, пишува News.bg.
Вкупните воени трошоци на сите 29 земји-членки на НАТО, вклучувајќи ја и Романија, изнесуваа 900 милијарди долари во 2017 година, што претставува 52 отсто од светските трошоци.
Во извештајот „Трендови во светските воени трошоци 2017“ SIPRI наведува дека вкупните воени трошоци на глобално ниво во 2017 се зголемиле до 1. 739 милијарди, 1,1 насто повеќе во однос на 2016 година.