Во Романија веќе е во тек друга програма, која ги охрабрува возачите со финансиски стимулации да се откажат од старите, автомобили што загадуваат, пишува Romania libera.
Со неa се предвидува да се даде бонус од 3.000 леи на секој што ќе се оислободи од своето моторно возило старо над 15 години и не ги исполнува еколошките барања.
Износот е еднаков на околу 600 евра.
Доделувањето на стимулацијата не го обврзува сопственикот да купи нов автомобил.
Програмата за намалување на бројот на стари автомобили се нарекува Rabla – романски збор за „крнтија“.
Сегашната – Rabla Local, се надоврзува на други слични шеми лансирани во 2017 година – Rabla Classic и Rabla Plus.
Според првата, секој што ќе го предаде својот стар автомобил на отпад добива субвенција од 6.500 леи (1.420 евра), а ако купи нов автомобил со емисија на CO2 под 98 g/km, добива уште 1.500 леи.
Повторно, во духот на обновувањето и „зеленувањето“ на автомобилскиот парк, воведена е субвенција до 11.420 евра за возачите кои ќе се решат да купат целосно електричен автомобил и до 5.820 евра за оние кои ќе купат хибриден.
62% од романските домаќинства поседуваат најмалку еден автомобил, од кои 45% од возниот парк постари од 11 години. Студијата на романскиот институт за евалуација и стратегија покажува дека 54% од автомобилите имаат дизел мотори, 36% се бензински, хибридите се 2%, електричните автомобили – само 1 процент.