Ројтерс: ЕУ веќе не дава гаранции за прием на Македонија и З. Балкан

Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите членки, повеќе не може да се согласи да даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји, откако еднаш им ветија место во клубот.

Ова е информацијата од четворица дипломати и внатрешен документ на ЕУ , до кој дојде агенцијата Ројтерс.

Застој во декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и Балканот на 6 октомври е критична точка во стратегијата на ЕУ да ги вклучи во блокот Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија. Тоа се совпаѓа со разгорување на тензиите на границата Косово-Србија.

На самитот, ЕУ планираше да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за да ја даде „својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“, според нацрт – декларацијата за самитот од 11 септември, видена од Ројтерс. Документот поминал најмалку две рунди преговори без договор, изјавиле дипломатите.

Државите на ЕУ нема да ги откријат своите позиции, но богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на брзото пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година и од лошо управуваната миграција на работниците од Источна Европа во Велика Британија што доведе многу Британци против ЕУ, пишува Ројтерс од каде се потсетува дека Бугарија е против приклучување на Македонија поради спор околу јазикот.

Дури и ако конечно се договори некој јазик, лошата состојба ја одразува парализата во планот на ЕУ да изгради „прстен на пријатели“ од Украина до Тунис, нудејќи поблиски врски, трговија и помош.

Наместо тоа, Кина и Русија посегнуваат по инвестиции и влијание. Во јануари, Србија беше првата европска земја што прими кинески вакцини против СОВИД-19 за масовна инокулација, се вели во извештајот.