По повеќе од 100 победи на турнири и 20 гренд слем титули, Роџер Федерер се збогуваше од тенисот.

Дваесет и пет минути по полноќ заврши една од најголемите спортски кариери во светот

Со загубениот меч на Лејвер купот во Лондон Федерер, 25 минути по полноќ тој ја заврши славната тениска кариера.

Федерер успеа да издржи три долги сета, пред да изгуби од Џек Сок и Френсис Тијафоу со 4:6, 7:6, 9:11. Тоа беше 1.750. официјален меч за Федерер во неговата 25-годишна кариера.

Четириесет и едногодишниот Швајцарец доби долги овации додека го напушташе теренот откако претходно најави дека ова ќе му биде последен настап како професионален тенисер.

„Ова беше прекрасен ден. Среќен сум, но и тажен“, кажа Федерер.

Тој плачеше додека се гушкаше со Рафаел Надал и другите тенисери, а над 17.000 гледачи му го скандираа името. Се расплака и неговиот најголем ривал Надал, со кого Федерер играше во тандем на својот последен меч.