Иницијаторите за стопирање на носење на новиот закон за учебници за основно и средно образование, здружени во фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“, од МОН чекаат покана за нова средба до крајот на денешниот работен ден, откако првата во четвртокот заврши без заклучок односно со ветување дека повторно ќе бидат поканети.

Претставничката на групата Драгана Спасевска изјави за МИА дека викендов не добиле покана за нова средба и дека ќе почекаат до утре попладне, до завршување на работното време на МОН, а дотогаш нема да ја бојкотираат наставата. Доколку не се оствари најавената повторна средба, рече дека ќе ја известат јавноста за следните чекори.

-Утре ќе бидам во Скопје и ќе чекам до крајот на работното време. Ако не биде, ќе ве известиме за понатаму, рече Спасовска.