Планетата Земја денеска има веќе осум милијарди жители.

Бебето родено некаде денеска е осум милијардити човек во светот, според извештаите на Обединетите нации.

Од појавата на хомо сапиенсот, беа потребни околу 300.000 години пред Заемајата да ја населат една милијарда луѓе. Тоа беше околу 1804 година, пишува Нешнел географик

Сегашното население е повеќе од три пати повеќе од 2,5 милијарди во 1950 година.

Бројката од 8 милијарди само единаесет години по раѓањето на седуммилијардитиот граѓанин.

ОН го припишува растот на населението на човечкиот развој, при што луѓето живеат подолго благодарение на подобрувањата во јавното здравје, исхраната, личната хигиена и медицината.

Тоа е резултат и на повисоките стапки на плодност, особено во најсиромашните земји во светот – од кои повеќето се во субсахарска Африка – што ги става во ризик нивните развојни цели.

Растот на населението го зголеми и влијанието на економскиот развој врз животната средина.

Но, додека некои се загрижени дека осум милијарди луѓе се премногу за планетата Земја, повеќето експерти велат дека најголемиот проблем е прекумерната потрошувачка на ресурси од страна на најбогатите луѓе.

„Некои изразуваат загриженост дека нашиот свет е пренаселен“, рече шефицата на Фондот за население на Обединетите нации, Наталија Канем. „Тука сум за да појаснам дека само бројот на човечки животи не е причина за страв.

Џоел Коен од Лабораторијата за население на Универзитетот Рокфелер изјави за АФП дека прашањето колку луѓе може да поддржи Земјата има две страни: природни граници и човечки избор.

Нашите избори резултираат со тоа што луѓето трошат многу повеќе биолошки ресурси, како што се шумите и земјиштето, отколку што планетата може да регенерира секоја година.

Прекумерната потрошувачка на фосилни горива, на пример, доведува до повисоки емисии на јаглерод диоксид, одговорен за глобалното затоплување.

„Ние сме глупави. Ни недостигаше предвидливост. Ние сме алчни. Не ги користиме информациите што ги имаме. Има избори и проблеми“, рече Коен.

Сепак, тој ја отфрла идејата дека луѓето се проклетство на планетата, велејќи дека на луѓето треба да им се даде подобар избор.