За разлика од нашата желба што е можно побрзо да влеземе во ЕУ, еден од водечките светски експерти за геополитика Британецот Роберт Кимбел смета дека тоа може да биде и на наша штета.
Кимбел ваквата ситуација ја става во контекст на обидот на ЕУ да ја прошири својата сфера на интерес.
„ЕУ е предатор кој ги мерка Норвешка, Швајцарија, Исланд, Лихтенштајн, а сега и Србија, Босна, Црна Гора, Македонија и Молдавија.
Норвешка и Швајцарија веќе гласаа да останат надвор. Лихтенштајн е во царинска унија со Швајцарија, а Исланѓаните велат НЕ“, пишува британскиот експерт, кој е силен поддржувач на заминувањето на Велика Британија од ЕУ.
Според сајтот richtopia.com, Кимбел во моментов е 66. највлијателен геостратегиски аналитичар на светот.