Новинарот на ТВ 24 и проследувач на меѓународните односи Сеад Ризвановиќ бара во Македонија да не му се забележува на Макрон кој откако Скопје го отфрли предлогот кој е добар само за Бугарија, навредливо не нарече Северномакедонци иако знае дека тоа не е согласно договорот од Преспа за кој тоа е гарантор.
,,Човекот прво се појави со видео обраќање пред граѓаните на Македонија, заедно со физичката посета на колешката Меркел, па директно ги излажаа луѓето дека имплементацијата на Преспанскиот договор ќе значи и влез во ЕУ,
Сега Макрон продолжува уште полуцидно, со користење на термин кој е во спротивност со самиот договор за кој веќе еднаш излажал, и повторно ја негира Преспа за која не убедуваше дека е решението за ЕУ”, пишува Ризвановиќ кој смета дека употребата на терминот “северномакедонски” во вчерашната изјава е директна закана од Макрон, а тој термин ќе се употребува ако земјава го одбие неговиот предлог.
,,Јас не би се тревожел, Европа била и ќе остане политичко џуџе. Тоа Берлин и Париз и ќе бидат и следната деценија, и без моќтта на Вашингтон, ЕУ не би опстанала ниту една година”, смета аналитичарот на меѓународните односи и новинар.