Половина од територијата на Македонија е во „црвена зона“, а тоа значи дека на тоа подрачје се случува еден поголем потрес на секои 100 години, покажува онлајн алатка што ја објави ФМ Глобал, една од најголемите комерцијални компании за осигурување во САД, на која до детал се гледаат подрачја кои се најзагрозени од земјотреси.



Оние подрачја со виолетова боја имаат ризик на катастрофален земјотрес на секои 50 години, со портокалова боја подрачката се на ризик од голем земјотрес на секои 200 години, а со зелена боја на секои 500 години, додека оние со бела боја, или без боја, немаат никаков ризик на катастрофален земјотрес.

Евидентно е дека на Балканот, особено во Романија, Турција и Грција како и на крајбрежјето во Албанија се подложни на катастрофален земјторес на секои 50 години.

Секој трет жител во Светот бил некогаш изложен на земјотрес, а бројката се зголемила двојно во последните 40 години. Потресите годишно носат економски загуби од 40 милијарди долари, така што уништуваат компании и ги реметат транспортните линии.

Според Форбс, илјада силни земјотреси се бележат во светот секоја година, и сите се со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала и погоре.