Ристовски и Адеми со Динамо Загреб во групната фаза од Лигата на шампионите

Фудбалските репрезентативци на Македонија, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, со Динамо Загреб ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите по елиминацијата на норвешки Бодо/Глимт со вкупен резултат од 4:2 во последната квалификациска рунда.

Ристовски во 35. минута асистираше за вториот гол на хрватскиот првак, кој основниот дел од натпреварот го заврши со 2:1 во своја полза и ја анулира предноста на гостите од 1:0 од првата средба, а пласманот во групите го донесоа Дрмиќ во 117. минута и Бочкај во последната.

Енис Барди и Трабзон, пак, не успеја во двомечот со Копенхаген, откако во реваншот дома одиграа без голови, а минатата седмица во Данска беше 2:1 за домаќинот.