Ристовски и Адеми славеа против Челзи

Македонските фудбалски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми славеа со Динамо Загреб над двократниот европски првак Челзи со 1:0 на „Максимир“ на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите.

Мислав Оршиќ го реши победникот во 13. минута, а Ристовски за малку не постигна еврогол во 56. минута, кога упати топовски удар од далечина во горниот лев агол на англискиот премиерлигаш, но голманот Кепа Аризабалага ја одби топката во пречката.

Ристовски го одигра целиот натпревар за хрватскиот шампион, а Адеми беше заменет во 88. минута.