Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска даде огромен придонес за пласманот на ЦСКА Москва на завршниот турнир од Лигата на шампионите.
Десното крило беше најефикасна во рускиот тим со седум гола од осум обиди во триумфот од 24:19 во реваншот со ЧСМ Букурешт, од кој на првата средба во Романија загубија со 32:27, па за фајналфорот се изборија со повеќе постигнати голови на гостински терен.
На турнирот на четирите најдобри екипи во ЛШ сезонава на 29 и 30 мај во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта ќе играат и Вајперс Кристијансанд, Ѓер и Брест.