Универзитетскиот професор и член на Партијата на пензионери, Темелко Ристески смета дека би било неиздржливо за Фондот за панзиско на сите да им ги зголеми пензиите по 3.500 денари.
„3.500 денари е огромна пара. Замислете кој издаток е тоа за Фондот да даде на сите по 3.500 денари. Не очекувам толкаво зголемување, туку нешто за 1,000 денари помалку“, вели Ристески во интервју за порталот Локално.
Тој објаснува дека „Граѓанинот плаќа негови пари во зависност од висината на платата и толку и треба да добие во форма на пензија.
Изедначувањето на пензиите не е во согласност со уставното право на заштита на правото на сопственост. Парите што странката ги дава во Фондот – тоа се мои пари. Не смееме да одиме во поглед на изедначувања“, истакнува Ристески.
Ристески смета дека на прв поглед звучи правично, но не е правично тој што вложувал повеќе да добие исто со оној кој што заработувал помалку. Дециден е дека со оглед на економскиот карактер на осигурувањето не се издржани барањата.
„Загрозените категории на пензионери се помагаат со механизми на социјална помош и додатоци. Може евентуално на најзагрозените пензионери да им се даде плус износ, но не линеарно усогласување.
Тоа е противуставно. Парите се на осигуреникот и треба да му се вратат во форма на пензија, подвлекува членот на Главниот одбор на Партијата на пензионери.
Ристески се согласува дека треба да се бара некое чаре за загрозените пензионери кои навистина имаат ниски примања.
Поддршка за пензионерите не дава ниту нивната претседателка.
Збеснал од односот на претседателката кон своите колеги кои таа ги претставува
,,Абе што сакаат тие”: Сведок открива што зборувала првата пензионерка кога камерите на Сител не снимале