Ристески: Зошто обвинителството чекало една година за криминалот на Онкологија

Поранешниот директор на онкологија Д-р Милан Ристески вели дека политичкото вработување на луѓе си го направило своето.

Кога политиката ќе влезе во здравството, тогаш се случуваат вакви работи. Ревизијата беше насочена кон материјално економскиот извештај, а не кон медицинскиот. ОЈО требало уште одамна да реагира, ревизијата е изработена во 2022, а сега сме 2023 година, рече поранешниот директор на Клиниката за онкологија, доктор Милан Ристески во денешното гостување на телевизија Алфа.

Според него многу ретко кој лек во онкологијата е готов, спремен за употреба туку лековите доаѓаат во вијали и потоа зависо од параметри на пациентот треба да се модифицираат во доза.

– Секогаш при правење на дозата, се јавува остаток, а менаџментот на тој остаток на влијае на искористеноста, вели тој.
Докторот додаде дека ако буџетот за набавка на лекови е 10 милиони евра, 10 отсто остаток е загуба од еден милион евра.

– КАТО системот е само мал дел. За жал во 2017 не успеавме до крај да го споиме. Онкологија во обичен ден има не помалку од 250 припреми на терапии. И таму брзо се работи, има персонал кој е навежбан тоа брзо да го прави. За да се спреми лек, треба да се внесе во некаков носач, најчесто тоа е физиолошкиот раствор. 250 мл физиолошки раствор се става лек од четири милилитри, и вкупно тежината треба да биде 254 милилитри течност, изјави Ристески.