Римскиот бог Јанус и дволичноста на владата кога тоа им одговара

Професорката Гордана Силјановска Давкова споредува членови на владата со римскиот бог Јанус кој во политиката и науката е симбол за дволично однесување.

Таа ја коментира изјавата на вицепремиерот за Економија Фатмир Битиќи кој немаше проблем со одземање на ингеренции на локална самоуправа кога се работеше за противник на ДУИ и СДСМ но сега кога за решавање на автобуската криза во Скопје ингеренциите треба да се одземат од коалиционен партнер на ДУИ има проблем.


Во Скопје градоначалничката Данела Арсовска е во коалиција со ДУИ и затоа Битиќи кој е од СДСМ не постапува како во Гостивар каде градоначалник е Таравари од Алијанса за Албанците.

,,Кога ги ограничија ингеренциите на Гостивар тоа беше „неопходен“ чекор напред. Сега, кога градоначалникот Таравари предлага ограничување на овластувањата на Скопје, заради колапсот, г-н Битиќи предупредува дека тоа е чекор назад за 20 години. Политичка (не)доследност!”, забележува професорката Силјановска Давкова.

Во римската митологија, Јанус е бог на почетоците и премините, исто така, и на портите, вратите, ходниците, краевите и времето. Всушност, тој е дволик бог бидејќи гледа и кон иднината и кон минатото. Римјаните му го посветиле месецот јануари, во кој во денешно време е најдобро зачуваниот спомен за овој бог.

Симбол за промените и преодите
Јанус честопати бил користен како симбол за промените и преодите, како оние од минатото кон иднината, од една состојба во друга. Исто така, од еден светоглед кон друг, од една вселена кон друга. Јанус бил почитуван на почетоците на жетвите и сеидбите, исто како и на браковите, раѓањата и другите почетоци на нештата. Ја претставувал средината помеѓу варварството и цивилизацијата, селата и градовите, младоста и староста.

Според некои, тој бил чувар на вселената, но за сите Римјани, тој бил бог на почетоците и краевите. Имал контрола над сите влегувања и заминувања. Бидејќи секоја врата и ходник гледаат во два правци, Јанус бил опишуван како двоглав бог со погледи во спротивно. Тој бил чувар на портите.