„Поранешниот градоначалник на Гостивар Незват Бејт, од далечина ги продолжува дебатите со неговиот сопартиец и претседател на Собранието Талат Џафери.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ пишува: „Од Куманово Невзат Бејта го нарече Џафери ‘тенеќе, кое ќе биде однесено од ветерот од покривот’.“

„Од Тетово Талат Џафери го нарече Бејта ‘рѓосано тенеќе’.“

Инаку, со ова се разжестува уште повеќе зборовниот и концепцискиот судир меѓу членовите на внатрешнофракциската „Огнена група“ во ДУИ и следбениците на лидерот Али Ахмети до рамниште на се поголема опасност ДУИ да се расцепи на два дела.