Резил на претседателот на ДПМ, поднесе неотповиклива оставка поради болест по што оздраве и обвинува за уцени

Во моментов се случува најголемиот резил во Друштвото на писатели на Македонија откако претседателот на ДПМ Христо Петрески најпрвин поднесе неотповиклива оставка поради болест а денеска одеднаш оздраве и обвинува за уцени.

Пред пет дена Петрески објави дека поднесува неотповиклива оставка од својата позиција откако ДПМ практично се распадна а тој беше обвинет за манипулации:

,,До членовите на Друштвото на писателите на Македонија и до медиумите

ОСТАВКА

Почитувани,
Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи.
Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати.
Со поздрав, почит и благодарност,

Скопје, 9.10.2023 година Христо Петрески”.

По пет дена Петрески веќе не е болен а оставката веќе не е неотповиклива. Тој денеска признава дека јавно лажел и обвинува дека бил под уцени и закани.

,,До членовите на Друштвото на писателите на Македонија и до медиумите

ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ОСТАВКАТА

Почитувани,
По барање на голем број членови на Друштвото на писателите на Македонија ги известувам членовите на Друштвото на писателите на Македонија и медиумите дека ја повлекувам оставката од местото претседател на Друштвото на писателите на Македонија, бидејќи истата беше изнудена поради притисоци, уцени и закани.

Скопје, 14.10.2023 година”, стои во повлекувањето на неотповикливата оставка на Христо Петрески кој ја излажа цела јавност дека е болен.

Денеска во ДПМ се прави обид со помош на манипулации на чело на ова друштво да остане старото раководство кое е обвинето за повеќе работи.

Бунт во ДПМ, се бара да запрат обидите друштвото да се држи во заложништво

Антоновски: Петрески ќе одговора за фалсификатот