Резервист на МВР одбива да оди на својот народ (ФОТО)

Скопјанецот Игор Марковски кој е повикан на вежба со боево гаѓање, на социјалните мрежи напиша јавно дека одбива да оди на својот народ и дополнително ги засили шпекулациите дека вежбата на која е повикан од страна на МВР е поврзана со големиот народен протест против менување на името закажан за недела од 18 часот пред собранието.

Резервистот Игор Марковски кој ја објавува поканата во која се бара тој да дојде во касарната Ѓорче Петров за да учествува во боево гаѓање индиректно посочува дека МВР го повикува за да учествува во активности против граѓаните што тој го отфрла како можност на социјалните мрежи.


Досега МВР не реагираше на поканата за воена вежба која е масовно присутна на социјалните мрежи каде се коментира дека е намерно организирана на еден ден пред протестот за името.

На поканата не пишува дали вежбата е еден или повеќе денови.