По седми пат денеска во Скопје ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“.
Стартот на трката ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк.
„Времето на учесниците нема да се мери, а главната цел е да се пренесе пораката за значењето на здравата животна средина, како и намалување на сообраќајниот метеж преку користење на алтернативни средства за превоз кои не ја загадуваат околината, велат организаторите.
Поради трката ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим.
