Лорен Боберт, членка на Претставничкиот дом на САД од Републиканската партија, во Конгресот го покрена прашањето за смена на американскиот претседател Џо Бајден од власт.

Причина за барањето за поведување постапка е неговата неспособност да ги исполни службените должности за заштита на границите на државата.


„Џо Бајден целосно потфрли во својата уставна должност да ја заштити нашата јужна граница (кон Мексико н.з.). Затоа во Конгресот воведов одредби за импичмент за да го смени од функцијата“, напиша таа на Твитер.

Бајден е обвинет за злоупотреба на својата моќ и за олеснување на најголемиот прилив на илегални имигранти во историјата на САД.

Претходно во интервју за Фокс њуз, таа ги повика членовите на Републиканската партија да го искористат мнозинството што го имаат во Претставничкиот дом за да го испратат Бајден да поднесе оставка што е можно поскоро.