Република: Лекарската Комора пред резил со лекар со дива ординација кој ја осакати Веаповска

Изборите за нов прв човек на Лекарската комора на Македонија и воопшто избор на ново раководство минуваат со низа на скандали. Еден од нив, како што тврдат извори на Република, е случајот со струшкиот гинеколог Мухамед Асани. Доктор Мухамед Асани, беше посочуван како главен виновник за скандалот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска. Сега гинекологот сака и по трет пат да биде делегат во Собарнието, а дури и по трет пат дел од Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија, пишува Република.



Според порталот Асани овие денови е повторно активен со сомнителни чекори во кои тој свикува средба на огранокот на Комората во Струга за понеделник (денеска), а тоа го прави со лепење листови во Болницата во текот на викендов.

,,Или состанокот е закажан за понеделник (денеска, 30 мај), а тој ги свикуваше докторите викенодов(28 и 29 мај). Идејата е што помалку доктори да дознаат за средбата“, коменираат изворите на Република.

Во јавноста најмногу негативни реакции за Асани имаше во врска со случајот на Веапоска. Во извештајот токму од Лекарсаката комора, подготвен од комисија чии членови не се обелоденуваа во јавност, доктор Асани рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Веаповска, а нејзиното дете е женско. Во истиот пишува и дека бубрегот и бил изваден оти имало повреда на артеријата. Инаку Веапоска по породување во август минатата година, се жалела на болки во стомакот. По ова е извршена уште една интервенција, при што и биле извадени бубрегот, матката и јајникот. За овие органи во извештај од патолгија се вели истите биле здрави.

Во меѓувреме, Државниот инспекторат утврди дека докторот Асани прегледувал и на диво во својата ординација дома која не е регистрирана.

Скандалот заврши речиси без никаква одговорност на Асани или тој беше само разрешен од функцијата директор на Болницата во Струга.

За овој скандал реагираше и Платформата за родова еднаквост, во која членуваат 24 невладини организации. Оваа невладина побара темелни истраги во врска со случајот со родилката Веаповска од Дебар. Тие бараа одговор за извадените органи, за дивата домашна ординација на гинекологот Асани, кој тогаш беше и директор на струшката болница, и одговорност за несоодветната лекарска помош за пациентката. Тие исто бараа од ЛКМ јавно да ги објави имињата на лекарите што биле дел од Комисијата за стручен надзор, пишува Република.

Повеќе детали на овој линк