Пораката на премиерот Димитар Ковачевски до приватните превозници што девет дена протестираа низ улиците на Скопје за милионскиот долг од главниот град кон нив дека „не преговара под уцени и притисоци“ ја искористи твитерџијата „БаБаРоГ“ за репликата на денот.
Во неа тој го прашува претседателот на Владата што правел со Бугарите кога во јуни годинава прво го отфрли францускиот/бугарскиот предлог за симнување на ветото од Бугарија за старт на преговори на Македонија за членство во Европската унија, за една седмица подоцна да го прифати без никакви промени.