Ременски: Русковска ќе заврши полошо од Катица Јанева

Фросина Ременски, на денешно рочиште за случајот “Меѓународен сојуз”, се приклучи на нарањето на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 1 за иземање на обвинителката Вилма Русковска

Јовановски барањето го поткрепи со докази добиени од неговиот телефон според кои Русовска му откривала детали за истраги па дури барала тој да испрати ТВ екипа да сними апсење на политичар.

Професорката Ременски, поранешна потпретседателка на СДСМ и пратеник, веќе има поднесено барање за изземање на обвинителката, но и сега се приклучува кон барањето на Јовановски.

„Пред почетокот на овој судски случај прва побарав да биде изземена ЈО Русковска од предметот, заради дотогаш очигледни пречекорувања на своите овластувања“ вели Ременски која смета дека Рускоска требало да се изземе уште на почетокот.

„Обвинителката Рускоска знаејќи ја природата на нејзината комуникација со Бојан и имајќи ги на увид сите материјали кои сега се во рацете на Бојан, требала самата да се изземе од јавнообвинителското постапување…
Криењето на сите овие работи и пропагандното брифирање на штета на други, а во интерес на други и себе си, сега ја исправа обвинителката Русковска пред сериозни аргументи за разрешување.
Еднаш кажав, а сега ќе повторам дека Русковска ќе заврши полошо од Јанева – затоа што судењето за блискоста и непрофесионалниот однос на Јанева со Бојан, сега и се враќа како бумеранг“, вели Ременски како што пренесува Фокус.