Идејата угостителите да бараат и лични карти од гостите, за да видат дали се од исто семејство, за да можат да седнат на иста маса предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Но и предупредување дека „можат да се прекршат повеќе права на граѓаните за цели кои можат да бидат непознати’!
„Келнер или сопственик на локал може да побара лична карта од лице само ако се сомнева дека станува збор за малолетник кој нарачува алкохол ! Во ниту еден друг случај ! Со протокол не може и не смее да се доделува овластување на лица кои не се со закон овластени да легитимираат граѓани !
Со вака доделеното овластување за легитимирање и идентификација на лица и релации (сродство) со протокол можат да се прекршат повеќе права на граѓаните за цели кои можат да бидат непознати ! Мора да се преиспита и да корегира ова“, напиша Фросина Ременски на Фејсбук.