Професорката Фросина Ременски вели дека во петок, дипломатот Миле Миленкоски вмешан во „Ерменсдкиот скандал“ и кој се наоѓа во притвор во Врање по меѓународна потерница од Интерпол, ќе биде екстрадиран во Ереван, Ерменија, од страна на Република Србија.
Во својот денешен фејсбук статус таа, меѓу другото, прашува „…дали државата до Судот во Врање и други надлежни институции побарала Миле Миленкоски како македонски дипломат да биде екстрадиран во РСМ, за да може да го оценува барањето за екстрадиција и да утврдува други одговорности“
Според неа, „информациите говорат дека доделениот адвокат по службена должност на Миленкоски од Врањскиот Суд тешко дека ќе поднесе, односно нема да поднесе жалба до Судот во Врање, туку дека во петок (кога истекува правото на жалба) Миленкоски ќе биде екстрадиран во Ереван, Ерменија, од страна на Република Србија, чиишто државјанин не е Миленкоски“.
„Дали со овој гест државата навистина се откажа од Миленкоски како државјанин, кој после се’ ќе има право да ја тужи државата пред Европскиот суд за човекови права? прашува Ременски на Фејсбук и во пост скриптум додава: „Дали некоја институција во РСМ знае воопшто за што се обвинети Миленкоски и другите македонски државјани со обвинението во Ереван“?
Објавата на Фејсбук на следниот ЛИНК