Ремек дело кое го бендиса нацистичкиот режим – Андовска за песната изведена на Илинден на Крушево (ВИДЕО)

Професорката на Факултетот за музички уметности Дарија Андовска коментира класично дело кое се изведуваше на владината прослава во чест на Илинден на Крушево.

Делото ,,O fortuna” е дел од операта Кармина Бурана, напишана од германскиот композитор Карл Орф.

Напишано е меѓу 1939 и 1942 година а е објавено за време на нацистичка Германија во втората светска војна. За многумина ова популарно и често изведувано дело на светските сцени се поврзува со нацистичка Германија на Хитлер иако авторот не бил нацист.

,,Да не забранеа руски романси,
можеби и нема да коментирам за изборот на „О Фортуна“,
но сега морам:
„Ремек-делото на Орф многу му се допадна на нацистичкиот режим, на кого неговите ритми, како што рече еден критичар, потсетуваа на „колоните на Третиот рајх“. Кога Кармина Бурана за прв пат беше изведена во Скала, во 1942 година, беше претстава за фашистичките вредности“, пишува Андовска за делото кое е изведувани на сите светски сцени.

Ако владата забранува руски песни поради руската агресија во Украина тогаш не смее да нарачува песни кои асоцираат на нацизмот а се премиерно објавени и промовирани во нацистичка Германија, смета Андовска.

Изведбата на делото кое се поврзува со нацизмот е во изведба на Македонската филхармонија.

Контроверзниот избор на ова дело е дополнително спорно и поради драматичната музика која и покрај генијалноста во музичка смисла неретко предизвикува негативни дури и вознемирувачки емоции кај слушателите.

Делото е по деветтата минута од видеото