Рекордни 934 новозаразени, пет починати од корона

Мнистерството за здравство вечерва информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 од кои 420 само во Скопје.

Во болнички услови починале пет лица: тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува надмина 30 илјади, односно изнесува 30.488.

Бројот на починати е 982.