Рекордни 196 заразени со корона, 8 починати за 24 часа

Министерството за здравство информираше дека воп последните 24 часа се потврдени 196 нови случаи на Ковид-19.

Најголем број и овој пат во Скопје 90, 45 во Тетово, 17 во Куманово, 11 во Охрид, осум во Гостивар и Струга, пет во Штип, четири во Битола, по два во Пехчево и Ресен, и по еден случај во Прилеп, Велес, Крива Паланка и Свети Николе.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни“, стои во соопштението на МЗ.

Во болницата во Битола починал пациент од Ресен на 68-годишна возраст кој бил хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид починал пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти.