Рекордна казна за Новак Ѓоковиќ за скршениот рекет на Вимблдон

Поради испадот за време на неделното финале на Вимблдон, српскиот тенисер ќе биде казнет со 8.000 долари

Имено, во момент кога изгуби нерви во мечот против Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ го скрши рекетот, удирајќи го во страничната статива од мрежата по брејкот во третиот гем од решавачкиот петти сет.

Шпанецот го доби мечот со 1:6, 7:6 (6), 6:1, 3:6, 6:4 и го заслужи првиот трофеј од најпрестижниот турнир и втор севкупно во „големото“ коло.

Висината на санкцијата на Ѓоковиќ е најголемата поединечна казна во машкиот професионален тенис од почетокот на 2023 година.

Износот ќе биде одбиен од неговиот чек за финалистот на Отвореното првенство на Британија од 1,4 милиони долари кој му следува како финалист.