Кошаркарите на Реал Мадрид ја добија битката за десетта титула во Евролигата со тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, совладувајќи го бранителот на трофејот со 85:80 во финалето на завршниот турнир во Белград.
Клучна за враќањето на мадриѓаните на европскиот престол по три години се покажа третата четвртина, која ја добија со 25:15, а ја неутрализираа и последната закана од турскиот противник, кој 24 секунди до крајот се доближи до 81:78 за Шпанците.
Најкорисниот играч на фајналфорот Лука Дончиќ го предводеше новиот европски шампион со 15 поени, четири асистенции и три скока, заедно со Фабиен Козер, кој на 17 поени додаде по два скока и асистенции.
Николо Мели со 28 поени и шест скока, како и Бред Вонамејкер со 14 поени и по пет скока и асистенции, беа први имиња во поразената екипа.
За Реал ова е 16. трофеј во еврокуповите